Бизнис
22. јуни 2018 - 19:47

Димитров: Можно е да поскапи парното ако градот ја превземе мрежата од БЕГ

Ако  Градот Скопје  ја превземе мрежата за дистрибуција на топлинска енергија од БЕГ може да дојде до поскапување на парното греење, предупреди  експертот за енерегтика Константин Димитров откако вчера градоначалникот Шилегов  рече дека ќе бара од државата на градот да му се даде топловодната мрежа, со која во моментов работи БЕГ.  Според Константин ваквото предавање ќе донесе нопви трошоци, и повисоки фактури за потрошувачите.

На последната седница на Град Скопје е основано ново акционерско друштво за енергетски дејности. За да може да функционира компанијата од буџетото на градот обезбедени се околу 250 илјади евра. Основните надлежности  на новото претпријатие ќе бидат снабдување со природен гас и топлинска енергија.

Околу ова барање на  Градот од акционерското друштво за изградба и стопанисување  со станбен и со деловен простор во чија сопственост е всушност дистрибутивната мрежа  која на БЕГ му е дадена по наем велат дека ваквото барање се коси со повеќе  закони меѓу кој и законот за трансформација на прептирјатија со општествен капитал.

- Во отсуство на законско решение на регулирање на пазарот на топлинска енергија во кое ќе учествуваат сите засегнати страни постои висок ризик граѓаните во следната грејна сезона да претрпат штети односно во најлош случај да биде прекинат процесот на испорака на топлинска енергија до крајните корисници, сметаат од претпријатието.

Градоначалникот Шилегов пак се надева  дека во август регулаторна ќе  започне постапка за издавање на лиценците .

На барањето од Шиелегов реагираат и од БЕГ. Велат дека сите нивни активности се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци продолжуваат со активностите за подготовка за новата грејна сезона.

Лиценците кои ги поседува БЕГ за дистрибуција и производство на топлинска енергија се со рок од 35 години, а за снабдување на 10 години. Трите лиценци компанијата ги добила во 2013.