Димитров – Мас: Можностите за позитивен исчекор и напредок отворени за Македонија
Европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, динамичната билатерална соработка меѓу двете земји на политички и на економски план биле теми на кои министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарал со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хајко Мас.на вториот ден од работната посета на Берлин.
– И во оваа пригода министерот Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од СР Германија за имплементација на реформските процеси во Република Македонија, како и за значењето на Берлинскиот процес во овој контекст. Зборувајќи за домашната политичка ситуација, Димитров нагласи дека и покрај предизвиците, можностите за позитивен исчекор и напредок се отворени за Република Македонија, соопшти МНР.
Шефот на германската дипломатија Мас изрази задоволство од севкупниот напредок во Република Македонија, како и од текот на имплементацијата на Договорот од Преспа, укажувајќи на важноста од заокружување на овој процес, што е предуслов за европските и евроатлантските интеграции на земјата.
За време на работната посета на Берлин, како што информира МНР, министерот Никола Димитров во интервјуа за „Велт“ и „Тагесшпигел“, покрај прашањата за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и Договорот од Преспа, имал и осврт за улогата на Сојузна Република Германија во Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање