Македонија
30. March 2018 - 16:49

Димитров, Коѕиас и Нимиц преговараат во Виена

Седумчасовната средба на Никос Коѕијас и Никола Димитров, со Метју Нимиц, конечно заврши а Министрите и Медијаторот даваа изјави.

- Разговаравме за сите отворени прашања и можам да кажам дека има условен напредок, бидејќи како одиме напред, доаѓаме до тешки прашања. Работевме по логиката што е најважно за двете земји и дали може да ги покриеме и две страни, но не зачудува фактот  дека колку се приближуваме кон решението, има се повеќе потешкотии- рече Димитров на пресот после средбата во Виена.

„Имавме конструктивен состанок што ни овозможува да бидеме оптимисти во иднина. Сѐ уште има тешкотии, но нѐ очекуваат сериозни состаноци во наредниот период. Според мое мислење постигнат е напредок“, изјави мидијаторот Нимиц.