Македонија
5. јуни 2018 - 17:16

Димитров - Кирнаг: Словачка целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими словачкиот амбасадор Роберт Кирнаг, директор во словачкото МНР, задолжен за подготовка на словачкото претседавање со ОБСЕ, во 2019 година, кој го запознал со подготовките и му ги презентирал приоритетните области на нивното претседателство.

Како што соопшти МНР, директорот Кирнаг како поранешен Амбасадор на Словачката Република во Република Македонија, потенцирајќи ги континуираните словачко-македонски односи, ја искажа целосната поддршка на Словачка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и спрoведувањето на реформите во оваа насока.

- Министерот Димитров и посака успех на словачката Влада за преземањето на Претседателството на ОБСЕ во 2019 година и ја изрази целосната поддршка и подготвеност на Република Македонија за соработка за време на нивното претседавање. Исто така, МНР Димитров го запозна амбасадорот Кирнаг со активностите на Владата на Република Македонија во контекст на европските и евро-атлантските интеграции, стои во соопштението.