-->
-->
Димитров-Јоурова: Испорачаното од земјава е за почит и треба соодветно да биде валоризирано од ЕУ
-->
Испорачаното досега од земјава e за почит и тоа треба соодветно да биде валоризирано од страна на ЕУ што е можно поскоро, истакна еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јоурова изразувајќи поддршка за нашите ЕУ аспирации на денешната средба во Скопје со шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров најнапред и упати честитки на Јоурова за новата позиција во новиот состав на Европската комисија, како надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, кои се, посочил, од особена важност за македонските граѓани и кон чија целосна реализација се стреми македонското општество.
Притоа, се додава, тој ја потврди одлучноста да се продолжи по тој пат и покрај разочарувачкиот исход од октомврискиот ЕУ Самит. Во тој контекст беа разменети мислења и за домашните случувања, како и за очекувањата и следните чекори поврзани со ЕУ агендата.стои во соопштението.
Еврокомесарката Јоурова престојува во земјава по повод Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ, што се одржува денеска и утре во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња