Македонија
16. July 2018 - 13:25

Димитров имаше проштална средба со вонредната амбасадорка на Австралија

 Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во проштална средба ја прими Џулија Фини, вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград.
 
Изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорката Фини во изминатите четири и пол години, министерот Димитров и врачи благодарница за нејзиниот придонес во промовирањето и збогатувањето на пријателството и соработката меѓу двете држави.
 
Димитров и Фини се согласија дека политичките односи меѓу двете земји во изминатиот период бележат постојан нагорен тренд.
 
Оваа година дополнително ја одбележа и посетата на министерката за надворешни работи Џули Бишоп на Република Македонија, која даде значаен импулс за билатералната и мултилатералната соработка на двете земји.
 
Амбасадорката Фини упати честитки за постигнувањата на Република Македонија на планот на европските и евро-атлантските интеграции