Македонија
5. April 2019 - 16:37

Димитров и Катругалос на заедничко интервју - Договорот од Преспа и интеграцијата во НАТО

70годишнината од основањето на НАТО ќе биде одбележана со зачленување на нашата земја како 30-та полноправна членка на Алијансата. Формално, сеуште не сме член на Сојузот, и поради тоа министерот Димитров, на заедничко интервју со неговиот грчки колега Катругалос, вели дека нашата земја ќе внесе ново освежување и ентузијазам. Грчкиот министер пак вели дека со договорот од Преспа со кој се отвори вратата за членство на нашата земја, е смирен национализмот.   

И двајцата министри се децидни дека за успешно фукционирање на Северноатланската алијанса е потребно вистинско пријателство меѓу ЕУ и САД, а дека е важна и соодветната поделба на обврските меѓу земјите членки.

Досега единаесет земји-членки го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, а откако истото ќе го направат и останатите 18 држави кои се дел од НАТО, нашата земја и официјално ќе стане полноправна членка.