Бизнис
17. January 2019 - 21:08

Димитров: Градот наместо да чисти оџаци да им помогне на домќинствата од дрва да се префрлат на парно

Наместо да чисти оџаци Град Скопје во идина да им помогне на домаќинстват од дрва да се префрлат на парно, вели експерот по енергетика Димитров.

Според него само преземањето на мрежата за дистрибуција на топлиснка енергија  од Бег не е доволно  за почист воздух. Градот Скопје освен  на тоа паралелно треба да работи и на стратегија за проширување на мрежата и на воведување  модел со кои парично ќе им се  помогне на домаќинствата кои се греат на дрва да се префрлат на парно.

Вели дека приклучокот не е евтин и како обврска паѓа на граѓаните, а не на тој што ја испорачува греењето.

Од Град Скопје пак уверуваат дека стручни лица веќе работат на проектирање на новите мрежи со кои треба да се зголеми бројот на приклучени на парно.

Стручни лица вработени во новото јавно прептијатие Градски Енергетски Системи Ад Скопје работат на проектирање на новите мрежи како и на системот на секундарната гасоводна мрежа.  Уште една потврда дека Градот  мора да биде стопанисувачот на мрежата е фактот што топланата Север работи нерентабилно, цените се за 40 отсто повисоки од останатите топлани и порати тоа има само 700 приклучени. Ќе се гради и магистрален цевковод кој ќе се пооврзе со останатиот систем и со тоа оваа топлана ќе стане порентабилна., се вели во допсиот од Град Скопје.

Тврдат дека со ова ќе се намали и цената на парното.

Градот  сеуште нема доставено барање до регулаторна за преземање на оваа обврскаа. Од таму велат дека  се чека да заврши постапката за добивање на мрежата која е во владение на ПУИК.

Лани градоначалникот Шилегов посочи дека Градот ќе ја преземе дистрибуцијата на топлинска енерегија од БЕГ, со образложение дека со новиот закон за енергетика една иста компанија не може да врши производство и дистрибуција на топлинска енергија. Од друга страна лицднците кои ги поседува БЕГ за дистрибуцуија и производство на топлиснка енергија се со рок од 35 години, а за снабдување на 10 години.