Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Македонија на патот кон ЕУ
Естонското искуство и перспектива од интегративниот процес е многу важно, гледајќи ја трансформацијата што го овозможи процесот и членството во ЕУ. Токму ова искуство, пренесено низ зајакната билатерална соработка во различните сфери може многу да ѝ користи на Македонија на најзиниот пат кон европеизација, порача денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров по средбата со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент во Талин.
Како што соопшти СЕП, Димитров на средбата го презентирал и напредокот во клучните реформски области, со особен фокус на кластерот „Темели“, подвлекувајќи дека Македонија е одлучна дека европските вредности мора да се донесат дома.
-Естонските парламентарци се сложија дека ЕУ треба да ги вложи сите напори за што побрзо да се усвои преговарачката рамка за Македонија, по што би следело одржување на првата меѓувладина конференција, нагласуваат од СЕП.
Вицепремиерот ја поздравил меѓу-парламентарната соработка на двете земји, подвеклекувајќи дека пренесувањето на естонските искуства од интегрирање на ИКТ алатките во работата на законодавниот дом ќе придонесат кон значително унапредување и модернизирање на работата на македонскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот