Македонија
11. July 2017 - 17:00

Димитров- Бишоп: Дијаспората е линк за Македонија и Австралија

Дојран успешно ја стартуваше новата сезона. Уште на самиот почеток полни се скоро сите капацитети, а бројот на гостите  кои го посетуваат овој туристички центар секојдневно се зголемува. Покрај домашните туристи кои се и најбројни,  годинава продолжува и трендот  на странски гости, а освен српските државјани кои традиционално  транзитираат се поголем е бројот на организирани групи кои доаѓаат од Бугарија. Турисите се задоволни од понудата, овде доаѓаат пред се поради водата.

Од локалната самоуправа велат дека сезоната ја стартувале подготвени . Покрај уредувањето на плажите ги направиле сите неопходни анализи и на водата во езерото кои покажале дека квалитетот е одличен.

,, За разлика од минатата година се надеваме дека негативната кампања нема да биде со таков интензитет годинава. Неколку пати правевме анализа на квалитетот на водата во Дојранско езеро и резултатите покажаа дека е со одличен квалитет . Исто така направивме инспекција и анализа на пречистителната станица и таа работи со полн капацитет.,, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран

Покрај природните убавини Дојран годинава ќе понуди и голем број концерти и културно забавни содржини наменети за сите генерации на посетители.   Проценките кои се базирани на најавите и интересот од страна на туристите  велат дека оваа година во Дојран ќе летуваат над 200.000 туристи.