Димитров-Бернс: Извонреден напредок е направен во Северна Македонија, важно е да се искористи овој моментум
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на САД во Скопје, Кејт Мари Бернс, која му ги предаде копиите на акредитивните писма за нејзино именување за амбасадор во нашата земја.
Министерот Димитров, како што информираат од МНР, на средбата со Бернс изразил очекување дека исклучително позитивниот тренд на односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи успешно да се развива и за време на нејзиниот мандат.
– Доаѓате во време на можности. Имаме многу направено во правец на исполнување на нашите клучни стратешки цели, иако останува уште работа пред нас. Нашиот прогрес ќе овозможи позитивно да влијаеме врз европскиот и евроатлантскиот пат на регионот, изјави министерот Димитров.
Димитров, исто така, се заблагодарил за континуираната и цврста поддршка од САД за остварување на евроатланските аспирации на нашата држава, со увереност дека истата ќе продолжи со несмален интензитет и во иднина.
Новоименуваната амбасадорка Бернс, изразила задоволство од можноста да работи и лично придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете држави.
– Извонреден напредок е направен во Северна Македонија. Важно е да се искористи овој моментум кон отворање нови можности и перспективи за државата, изјави Бернс, повторувајќи ја поддршката на американската влада за продолжување на нашата реформска агенда.
Соговорниците оцениле дека билатералните односи, засновани на стратешкото партнерство и постојаниот политички дијалог, се блиски и пријателски. На средбата, исто така, било нагласено дека во претстојниот период и двете страни посветено ќе работат на понатамошно продлабочување и севкупно интензивирање на соработката, а врз основа на споделените заеднички цели, интереси и вредности.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација