Кошарка
19. September 2021 - 19:57

Димитријевиќ дебитираше во дресот на Валенсија

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ дебитираше за својот нов клуб Валенсија кој за жал доживеа пораз од 67-72 пред својата публика од екипата на Басконија. 
Популарниот Нено и во поразот одигра солидни 20 минути во кои постигна 9 поени заедно со три скока и 6 асистенции.