Кошарка
4. October 2020 - 10:43

Димитријевиќ блесна против Андора

Трета победа за Хувентуд во Лига Ендеса, совладана Андора на гости со 87-89 во рамките на 4. коло.  Прекрасна вечер имаше Македонецот Ненад Димитријевиќ кој средбата ја заврши со 12 поени по одиграни 28 минути.

Кога се решаваше мечот Димитријевиќ постигна четири поени и имаше важна асистенција. Домаќинот на овој меч беше подобар во првото полувреме, на одморот замина со предност од 45-42. Хувентуд кон средината на третиот период успеа да направи целосен пресврт и во последните десет минути да влезе со плус пет (59-64). Противникот се доближи на 70-71, но Нено го пронајде својот соиграч, кој пак со тројка го отвори патот кон нови важни бодови. МораБанк Андора се закани и во последната минута, но гостите се одбранија.