Македонија
9. October 2017 - 13:00

„Димитрија Чупоски“: ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници со најголема поддршка меѓу граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива најголем рејтинг кај граѓаните. Тоа го потвдри Институтот Димитрија Чупоски кој направи анкета на јавното мислење на репрезентативен примерок од од 850- 1200 испитаници, од 04 до 06 октомври оваа година.

-Анкетата се спроведе на ниво на цела држава и поедничено во неколку општини кои беа предмет на нашата анализа. Во предвид беа земени демографските карактеристики, вклучително пол и возраст, припадност кон етничка заедница, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење. Во приказот достапен за јавност направена е споредба меѓу кандидатите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, освен на прашањето за вкупните рејтинзи на политичките партии на ниво на држава каде се вклучени сите политички субјекти, информираат од институтот
Дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори се изјасниле 38,6 % од испитаниците. За СДСМ поддршка би дале 21,8 %.

Од кандидатите за градоначалници на Скопје, највисок рејтинг има актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Дека за него ќе гласаат се изјасниле 36,2%, а за неговиот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов ќе гласаат 26,1% од граѓаните.

Она што може да се заклучи од анализите е предност на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Нестандардните гласачите кои излегоа на минатите избори, а кои беа пасивни минатите изборни циклуси, многу веројатно е дека на овие локални избори нема да излезат да гласаат. Кај албанското гласачко тело постои револт кон партијата на власт СДСМ, поради коалицирањето со ДУИ кои ја перцепираат како партија која долги години е на власт. Постои и 2.8 осто скриени гласачи кои не го соопштуваат своето мислење, а веројатно на денот на избори да се определат за опзициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Бутел.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уживаат најголема доверба и во поголемите градови ширум Македонија.