Македонија
5. August 2022 - 11:29

Димитриевски: Заев го прошета Ковачевски по странство и го стави претседател на партијата

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство а потоа го ставил за претседател на партијата.

„Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е“, вели Димитриевски.

Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.

„Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено“, вели Димитриевски.