Димитриевски: Поддршка за младите, развој на спортот во Куманово
Бесплатен автобуски превоз за студентите и пензионерите вети независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес конференција. Тој посочи дека ќе се дадат и поголеми можности на младите во градот преку отворање на младински центри и најави отворање на Tech-Center за млади на локација-градски базен во Куманово.
-Ќе се формира клуб на млади на кровот на градскиот базен кој веќе е покриен каде тие ќе може да ги извршуваат своите активности, рече Димитриевски.
Тој потенцираше дека во моментов се работи на реконструкција на спортската сала, кој се финансира со средства обезбедени од страна на северо-историчниот плански регион. Овие средства и следуваат на општината согласно Законот за рамномерен регионален развој.
Претходно Димитриевски најави активна поддршка на спортските клубови, обезбедување повеќе средства за развој ан спортот преку општинскиот сојуз на спортови.
Ќе организираме повеќе турнири и натпревари на локално, државно и интернационално ниво. Сите заедно за наше Куманово, кажа Димитриевски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар