Димитриевски: Отвораме градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија
Во КОВИД-19 кризата, во Куманово се дистрибуирани повеќе од 5.000 пакети со помош за социјално ранливи категории. Угостителите беа ослободени од плаќање на комунална такса за летните тераси, намалена беше фирмарината за компаниите, а беа ослободени и родителите од надомест за градинка за децата.
„Куманово, по победата на локалните избори ќе продолжи за биде хумана општина за сите граѓани. Како дел од приоритетните проекти во овој сегмент предвидуваме: Отворање на градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија; Изградба на стационар за згрижување и нега на кучиња скитници; Преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари; Изготвување на програма за реинтеграција на маргинализирани лица (зависници од психотропни супстанци) на пазарот на труд и шелтер за маргинализирани групи; Вклучување на децата од социјалнo-загрозени семејства во воннаставните активности и неформалното образование преку бесплатни курсеви, екскурзии, спортски активности и можност да учат и тренираат одреден спорт бесплатно; Социјална инклузија“, вели независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.
Ќе продолжиме и со постоечките добри практики во целот на социјалната заштита и помош кои веќе се реализираат:
- Општинско-корисна работа со ангажирање на невработени лица во улога на образовни асистенти на ученици со попреченост, ментори во двата Дневни центри за лица со попреченост и асистенти за стари лица за помош и поддршка во домашни услови.
- Субвенционирање на трошоци за комунални услуги и јавен градски превоз за стечајни работници, самохрани родители, слепи лица, приматели на
социјална парична помош, згрижувачки семејства, деца без родители и други ранливи категории на граѓани.
- Субвенционирање на болничките трошоци на лица од социјален ризик за тешки заболувања.
- Еднократна парична помош или помош во натура за лица од социјален ризик.
- Проект за инклузија на децата Роми.
- Помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица.
- Субвенционирање на јавен градски превоз за пензионери.
На 17-ти октомври, бидете на страната на граѓаните, излезете и гласајте за мое, за твое, за наше Куманово.
Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање