Фудбал
24. December 2018 - 18:03

Димитриевски одличен во дуелот со Леванте

Интересна фудбалска пресметка во Шпанското првенство одиграа македонските интернационалци  Столе Димитривски и Енис Барди.  На крајот се радуваше голманот на Рајо Ваљекано кој го совлада  Леванте со 2-1 пред се благодарение на одличните одбрани на Димитриевски кој го одигра целиот меч додека на спротивната страна  нашиот најдобар интернационалец Барди одигра солидни 78 минути.

                Интересно мечот започна со автогол на Тоно во густата магла  по што Леванте нападна со сите сили но Димитриевски  попушти дури во 60-тата минута кога Рочина успеава да израмни на 1-1.

                Победата за домашниот тим ја обезбеди  Раул де Томас во 72-та минута   што е само трета победа за Рајо  кој е длабоко во опасната зона.