Димитриевски: На земјоделци им се наплаќа повеќе за концесија отколку што им се плаќа за откуп
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски бара од Владата јавно го објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок, за земјоделска површина, производство на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.
Во денешното соопштение до медиумите Димитриевски вели дека деновиве земјоделците му испратиле барања, како што наведува, во нивно име да постави неколку прашања до Владата.
- Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по килограм, а Министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по килограм? Доколку е точно како земјоделецот да живее, а камоли да заработи?, прашува Димитриевски.
Поради тоа што секојдневно се слуша како се делат милионски суми за субвенции во земјоделието, како што наведува Димитриевски, упатува барање до Владата јавно да го објави списокот на сите земјоделски концесионери со детална информација кој колку плаќа концесиски надомест за колкава земјоделска површина, колкаво производство има пријавено на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.
- Дали е вистина дека поединечни фирми добиваат милионски суми во евра по основ на концесија додека реалниот земјоделец само за да преживее? До кога државата ќе биде за едни мајка, а за други маќеа?, прашува Димитриевски.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс