Македонија
4. February 2023 - 14:52

Димитриевски: Гоце Делчев е Македонија, среќен празник Македонци

Делегација на општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Гоце Делчев е Македонија, Македонија е Гоце, среќен празник Македонци! 151 година мотив, идеологија, непокор. Сите ние сме Гоце, а тој е во секој од нас. Слава му!“, потенцира Димитриевски.