Димитриевски: Бугарската страна мора да сфати дека Македонците се реалност
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 во однос на бугарското прашање потенцираше дека за да се преговара првенствено потребно е да има две страни, кои заедно ќе се почитуваат.
„Доколку од другата страна имате застапување на ставови со негација, тогаш всушност вие не преговарате, ви се наметнуваат ставови. Мојот став во однос на Бугарија е апсолутно јасен. Сметам дека по пат на дијалог мора да се изнајдат решенија, но другата страна или бугарската страна ќе мора да сфати дека македонците се реалност. Ние не можеме да бидеме ништо друго освен Македонци, дека нашите предци баби и дедовци биле Македонци, а такви ќе бидат и нашите идни поколенија внуци. Македонскиот јазик е реалност, а по однос на македонското малцинство во Бугарија нека се произнесат граѓаните на Република Бугарија каде се, кои се, какви се всушност“, рече Димитриевски.
Тој истакна дека во овој момент се доведува под знак прашање преспанскиот договор.
„Зошто тогаш нашите бугарски пријатели не туркаат храбро низ тој процес, а дополнително сега ја отежнуваат состојбата за добивање на датум за претпристапни преговори? Нашето искуство со Бугарија во минатото, особено на искуството на нашите предци и периодот 41-ва, 45-та, втората балканска војна е многу лошо. Ние поминавме низ еден процес на корекција на односите откако Македонија е независна држава. И сето тоа, успеаа неколку поединци да го расипат со наметнување на ставот“, изјави Димитриевски.
Ново на Сител
-
Бајден: Мајмунските сипаници се причина за загриженост
-
Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција
-
Полиција влезе во скопски дискотеки: Пронајдена дрога и уапсени 12 лица
-
Бектеши: Неделата ќе биде работна во туристичките места
-
ВМРО-ДПМНЕ: Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста
-
Шаќири: Не е неуспех што 800 македонски студенти се запишале на студии во Љубљана
-
Во Скопје вчера направени 246 сообраќајни прекршоци
-
Северна Кореја информира за уште 186.000 случаи на „треска“ во епидемијата на Ковид-19