-->
-->
Димитриев: Сите погубни сценарија на Зaев ќе се срушат со 63 пратеници
-->
Кандидатот за пратеник, Емил Димитриев и носителот во изборната единица 3, Илија Димовски денеска остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица на која се зборуваше за досега спроведените мерки и за црните сценарија на опозицијата.
Димитриев на средбата истакна дека Македонија е пример како треба да работи Владата и локалната самоуправа и додаде дека пред една година во Македонска Каменица во употреба беа пуштени многу нови улици и дека народот гледа дека се гради и тоа ќе го награди на 11 декември.
Тој додаде дека рудникот „Саса“ е една успешна приказна во Македонска Каменица, а дека е формирана и работна група која што ќе го реши проблемот со бенифицираниот стаж на рударите, Димитриев додаде дека и во иднина граѓаните од овој регион ќе имаат силен поддржувач во Владата.
Во однос на новата програма „Реално“, Димитриев истакна дека Коалицијата „За подобра Македонија“ има сериозна програма која е подготвена вниматело и во неа има проекти за сите категории на граѓани низ целата држава.
На крајот Димитриев нагласи дека темите што ги отвора Зоран Заев не смеат да се отвараат и дека само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата овие црни сценарија на опозицијата ќе пропаднат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина