Македонија
16. March 2016 - 16:32

Димитриев: Над милион евра за нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка

Со над еден милион евра за инфраструктурни проекти, Владата ќе го подобрува животот на граѓаните во Крива Паланка. На нивно барање  се отпочнува локалниот пат во Жидилово и патнот правец од Варовиште до манастирот Св. Јоаким Осоговски. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваше премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев. 

Изградбата на патот од манастирскиот комплекс ја освети и кумановско осоговски митрополит г. Јосиф. Како одговор на барањата на жителите од овој крај ќе се градат и други локални патни правци а Димитриев најави и изградба на канализациона мрежа и пречистителни станици во Мождивњак, Дурачка река и Длабочица.

Во изминатите години Владата ја помогна и изградбата на новиот  плоштад преед општинската зграда, изградбата на водоводи проект „висока Зона Лев брег „кој веќе е во завршна фаза а со кој се става крај на децениските проблеми  со водоснадбувањето на Крива Паланка.

Димитриев се сретна и со граѓаните кој  не го криеја задоволството од заложбите кои ги прави владата за развој на градот и подобрувањето на секојдневниот живот.

Во прошетката низ центарот на Крива Паланка,  Димитриев разговараше и со дел од поранешните  професионални војници кои му  се заблагодарија за вработувањето кое го добија во државните институции.

Придобивките од новите капитални проекти ќе се почуствуваат и во туризмот. Со новите патни правци се олеснува патот до најпосетуваниот манастирски комплекс кој е туристички  бисер за Крива Паланка.