Македонија
1. May 2016 - 11:18

Димитриев на свечена Велигденска литургија во храмот „Св. Никола“ во Штип

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев заедно со сопругата присуствуваше на утринската Велигденска литургија во централниот соборен храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип, а на која чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.

- Христос Воскресна. Нека е за многу години Велигден, нека е за многу години празнувањето Воскресението Христово. Овој празник над празниците им го честитам на сите православни христијани, на сите Македонци во Македонија, православни христијани во Македонија, во нашата диајспора. Нека Христовото Воскресение биде поука за сите нас дека само добрите дела,  љубовта и разбирањето меѓу луѓето се нешто, кое што треба да го негуваме, порача Димитриев.

Посака овој празник да донесе кај сите семејства повеќе љубов и разбирање и, како што рече, со оние кои што можеби имале недоразбирање во минатотото, да надвладее разумот и позитивната мисла.

- Во  овие тешки моменти за Репулика Македонија овој празник дојде во вистинско време и се надевам дека по празнувањето , по духовното исполнување на нашите души кои што го имавме овие денови во нашите цркви, манастири дека Република Македонија ќе се надмине самата себе и овој проблем и оваа криза што ја имаме и дека ќе запловиме во едни мирни води, рече Димитриев.

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион со Христос Воскресна, Навистина Восресна им го честиташе големиот празникот на православните христијани.

- Посакуваме воскреснатиот Бог, кој што со смртта, смртта ја победи, кој што на светот и на човечкиот род му даде мир и ослободување од гревовите нека подари мир и благосостојба во татковината наша, меѓу луѓето наши и нека подари љубов и единство и со светлината Христова, како што и нашите предци победувале во минатото така и сега ние во овој голготски миг од нашиот живот во татковината наша да го надминеме со Воскресението Христово, со љубов да ги поздравиме непријателите наши, со љубов да се засакаме и како што вели паскалната стихира со љубов да се прегрнеме и едни на други да си простиме заради Христа и Воскресението, вели г. Иларион.

Во сите цркви во Брегалничката епархија денеска со свечени литургии се слави првиот ден од Велигден.