Димитриев: Миновски располага со соодветен капацитет да ја извршува функцијата министер за финансии
Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев во своето обраќање пред пратениците во Собранието кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, рече дека Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останува максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните.
-Личност која со својата компетентност, едуцираност и богато искуство во областа на финансиите, инвестициите, менаџментот и човечки ресурси, сметам дека располага со соодветен капацитет да ја извршува оваа исклучително значајна и одговорна функција. Тој во текот на своето 17 годишно професионално искуство има работено на голем број различни позиции, како во приватниот така и во јавниот сектор. Во текот на својата професионална кариера во многу наврати бил директно вклучен во реализација на поголем број проекти од областа на фиансиите, платниот и банкарскиот систем, подобрување на конкурентноста на малите и средни компании. Исто така бил ангажиран и од Светска банка што дава квалитет на неговото портфолио. Миновски извршуваше и две исклучително значајни позиции во Државниот пазарен инспекторат и потоа во УЈП. Покажал резултати и позитивно влијаел на проекти за подобра и поефикасна функционалност на овие две институции, рече Димитриев.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.