Македонија
16. August 2022 - 12:23

Димитриеска-Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на оризопроизводителите и бара итна реакција од власта

Добар ден на сите, денес сме тука во Облешево да дадеме поддршка на оризопроизводителите. Земјоделците имаат право што се чувствуваат изневерено, не е тоа случајно, оваа влада во континуитет со години зборува и ветуваше дека ќе имаат сигурен откуп, сигурен пласман, сигурни цени, а денес имаме ситуација каде што одредени моќници кои што ги нарекуваме нели „откупупувачи“, блиски до власта заработуваат на грбот на напатените, значи земјоделци, чесни земјоделци кои што со пот и труд се трудат да ги произведат оние производи кои што во исто време и поготово во оваа голема економска криза нели треба да ги обезбедиме заради тоа што навистина ќе имаме една тешка и пред нас ни престои една тешка зима.

Морам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот и бараме итна реакција од владата. Бараме и реформи, ако имаше 100.000 евра да се потрошат точно во оваа криза за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни веднаш да реагираат и да излезат  со поддршка на земјоделците.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ