Македонија
25. January 2021 - 20:31

Димитриеска – Кочоска: Сетот мерки не е една милијарда евра, туку се 344 милиони евра

Во вечерашната “24 Анализа” на 24 Телевизија Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во дебата со директорот на Фондот за иновации Коста Петров, посочи дека сетот мерки не е една милијарда евра, туку се 344 милиони евра или 8.3 проценти од буџетот.

-Дали Вие разбирате математика господине Петров? Имате преклопување на мерките. Значи манипулирате со една милијарда. Кога сме кај Ковид мерките од Развојна банка, 31 милион евра требаше да бидат реализирани во месец септември, а тие беа објавени во месец декември. Значи со се доцните. Јули, Август и септември немаше никакви мерки. За квартал четири, вкупните планирани приходи им беа планирани за 6.3 проценти поголеми во однос на 2019-та година, а завршивме со 5.2 проценти помалку во однос на 2019-та. Дали е тоа некаков сигнал дека нешто се случува во економијата. Неможе едно да сме планирале, а друго да сме оствариле и да кажеме добри сме. И повторно ќе кажам имаме преклопување на мерки. Еве Вие кажете дали 3-тиот и 4-тиот пакет ќе бидат плус или еден, односно една мерка е тоа.

Околу зголемувањето на невработени лица Димитриеска-Кочоска посочи дека 52 лица ги изгубиле своите работни места во време на корона кризата. Во однос на просечната плата таа истакна дека многу е битно да се знае како се пресметува просечната плата за да се знае точно дали таа е порасната или не.

-Да замислиме дека постојат тројца вработени. За да го поедноставиме ова. Од кои двајца земаат по 20 илјади денари и едниот зема по 10.000 денари. Значи вкупно имаме 50 илјади денари. Делено на три доаѓа некаде 16.600. Овој со ниската плата ја изгубил работата и остануваат оние со по 20 илјади плата. Сега 40.000 денари поделено на два се 20 илјади денари. Им порасна ли платата на овие со 20 илјади денари, а просечната порасна од 16.000 на 20 илјади? Секако дека не им порасна. Значи ова е факт. А во овој период ниско квалификуваните ја губат работата. Тие 20 илјади денари останаа исти, само поради различната пресметка велиме е пораснато. Така да ова се реалните економски бројки, вели Димитриеска-Кочоска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ