Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2025 развоен, фокусот е на инвестициите, капитални расходи на ниво над 44 милијарди денари
Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според неа, станува збор за развоен буџет, затоа што иднината на држвата е во таа насока, односно со поголем развој ќе има подобар живот за сите.
-Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намлите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рекла министерката во гостување во Дневникот на МТВ.
Таа додала дека дел од проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа прзентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4% буџетски дефицит и 3,7% проценти раст на БДП.
-Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, истакнала министерката.
Димитриеска-Кочоска додала дека се очекува поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10д, коишто ќе се реализираат во подолг период од првично планираното за 4 години, што, како што рекла, било поздравено и од страна на ММФ.
Таа посочила дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата навела дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.
Во однос на јавниот долг министерката за финансии посочила дека тој на крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но оти тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора