Македонија
14. October 2019 - 14:16

Димче Арсовски: Утре ново задолжување на Република Македонија и граѓаните за 53,6 милиони евра

Поразите за македонскиот народ и за државата немаат крај.

Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија и граѓаните за нови 53.6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска откако е министер во последните 45 дена, а воедно како што знаете и вие не е реализиран ниту пак отпочнат ниту еден посериозен проект.

За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра.

До август до моментот додека дојде Нина Ангеловска за министер, во министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28.16%. До моментов веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции.

Ова е најнеспособната Влада која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти кои што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев.

Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат, ниту пак ќе бидат на задоволително ниво, како и се останато во моментот што е во државава.

Економијата оди во погрешен правец.

Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние кои што можат се снаоѓаат и се иселуваат.

Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви.

Потребна е коренита обнова на Македонија и истата ќе се случи веднаш откако ќе падне оваа неспособна Влада на СДСМ.

Прашање: Веќе е се поизвесно дека нема да се добие датум за преговори со ЕУ, но премиерот денеска изјави дека е оптимист. Дали сте и вие оптимисти и ако не се добие кој ќе биде главниот виновник?

Одговор: Ние веруваме дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори и ние секаде каде што имаме прилика лобираме да го добиеме оној очекуван  датум за преговори коишто е очекуван можеби повеќе од 10 години. Граѓаните не смеат и државата да бидат казнети заради недомаќинското и неморалното работење на Зоран Заев и владата на СДСМ. Но, ние поодамна предупредувавме на ова дека е можно заради сите оние коруптивни скандали и заради она несериозно работење на владата на Зоран Заев  да граѓаните и државата бидат казнети со недобивање на очекуваниот датум за преговори. Така да единствено нешто што го интересира Зоран Заев е да неговите фирми и фирмите на фамилијата Заеви и сите оние останата и функционери од СДСМ да направат што повеќе капитал и пари во моментов на конто на државата и  да ги искористат своите позиции за зголемување на својот капитал и своите банкарски сметки, додека пак датумот за преговори воопшто и да не му е важен на Зоран Заев и  на  СДСМ. Така да единствено решение и излез доколку не се добие или и доколку се добие било каков датум за преговори дали со услови или било како и да е, излез за моменталнава ситуација  во државава којашто ни се случува сега во моментов каде што тонеме на секое поле е предвремени парламентарни избори за коишто се повеќе се очекува и се знае дека се неизбежни, се со цел државава да излезе од ситуацијата во која се наоѓа.