Свет
20. December 2017 - 21:21

Дилер со оклоп: Крајбрежната стража пронајде 64 пакети со кокаин во морето, но ги изненади нешто друго

Морска желка е спасена откако американската Крајбрежна стража ја пронајде како плови заплеткана меѓу врзани пакети кокаин.

Посадата на чамецот на Крајбрежната стража желката ја пронајде во источен Пацифик на 19 ноември, а снимката е сега објавена. Желката била врзана со јаже на кое биле врзаните пакетите кокаин.

Крајбрежната стража го пресекла јажето и ја ослободила желката, а подоцна е утврдено дека се работи за 800 кг. кокаин А класа, вреден 53 милиони долари.

Ова откритие е забележано во текот на 68-дневното патролирање на огранокот на Американските вооружени сили во источен Пацифик долж брегот на Централна Америка, чија цел е спречување на криумчарењето на дрога.

До крајот на операцијата наречена Операција Мартиљо се пронајдени 6.755 кг кокаин, а уапсени се 24 лица.