Фудбал
11. July 2018 - 10:24

Дилема кај Велшаните, како да се однесат 5-те гола со авион или со автомобил

Екипата на Шкендија убедливо со 5-0 го совлада шампионот на Велс ТНС во првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Фановите на овој клуб кои допатуваа во Скопје сигурно повеќе очекуваа од своите фудбалери и разочарани си заминуваат од Македонија.
Очигледно дека од нивниот настап ќе се памети најмногу авантуристичкото патување на претседателот на клубот Мајк Харис кој по 5-дневно патешествие со автомобил пристигна на Филип Втори убеден дека неговиот тим оваа сезона ќе има добри резултати во Европа.
За жал неговата мисија завршува во Скопје и затоа по мечот од непроверени извори дознаваме имало дилема дали 5-те гола да се однесат до Велс со автомобилот на Харис или пак со авионот со кој допатуваа фудбалерите, стручниот штаб, новинарите и навивачите....