Македонија
28. November 2015 - 16:50

Диктатура предлага СДСМ во законот за медиуми

Како дел од пакетот на политичкиот договор помеѓу четирите партии од Пржино деновиве се преговара за нови закони во областа на медиумите. Самиот факт дека партиите преговараат за медиумските правила без претставници на двете новинарски здруженија на масата овој процес го прави компромитиран и недемократски, јасен обид медиумите да се стават под партиска контрола, а не под контрола на јавноста, професијата и пазарот.

При средбите на Македонската асоцијација на новинари МАН со посредникот во преговорите, белгијанецот Ванхојт како и со евроамбасадорот Аиво Орав, и двајцата истакнаа јасна намера дека новите закони ќе бидат либерални, согласно сугестии на двете новинарски асоцијации како и согласно европските закони кои се однесуваат на медиумите. Но, во преговорите со партиите Ванхојт застапува сосема поинакви ставови, блиски на СДСМ кои во суштина значат целосна партиска контрола врз медиумите од страна на оваа партија која бара управување со Македонската радио телевизија, како и со Агенцијата за медиуми, а преку неа и со сите регистрирани медиуми во државава. Накусо, СДСМ бара поголема контрола врз медиумите отколку што имале за време на комунизмот.

Што, помеѓу останатото, предлага сдсм а ванхојте поддржува?

Првиот чекор на брутална партизација врз медиумите е предлогот на СДСМ таа партија да предлага три члена во советот на агенцијата за медиуми, со што заедно со невладните соросоидни предлагачи да обезбедат мнозинство во Советот на Агенцијата за медиуми кој ги контролира сите медиуми во државава.  Во ниту една европска држава не постои пример политичка партија да предлага претставници во Агенција за медиуми.

Но, и ова не е доволно, па во Член 19 од Законот СДСМ бара претседателот на агенцијата за медиуми да го бира Собранието по предлог на опозицијата.

Да потсетиме, СДСМ не е опозиција туку сега е дел од власта исто како И ВМРО ДПМНЕ. Освен ова, СДСМ уште сега признава и прифаќа дека ќе ги загуби наредните избори и себе се гледа како опозиција и по изборите во април догодина. Патем, власта и опзоцијата се менуваат, има и вонредни избори кои се со пократок мандат од функцијата претседател на Агенцијата за медиуми, па дали тоа значи дека тој претседател ќе се менува на секои две години, и ќе зависи од политичката судбина на партиите наместо од резултатите на својата работа. Најлошо од се е што освен партизирање на институцијата Агенција за медиуми, СДСМ ќе стави свој партиски човек и на чело на таа Агенција.

Со увид во околу триесет закони во европските држави, ниту еден европски закон не предвидува агенција за медиуми да води некој по предлог на партија.

До каде СДСМ воведува комунизам и партиска дикататура во медиумите говори и нивното барање нивниот претседател на агенцијата за медиуми сам да дава лиценци за работа, или да одзема лиценци за работа на медиум без одлука на советот на агенцијата, што  е диктатура на еден човек во цел еден јавен сектор што не е присутно во ниту еден друг закон во државава едно лице да одлучува за работа на субјект. Ваквиот систем на тоталитарна концентрација на моќ во Европа се смета за диктатура, и не е прифатлив во ниту една европска држава, во ниту една област.

Во намерите за тоталитаризам и дикататура врз медиумите СДСМ бара одземањето на дозвола за работа на медиум да не се случува за конкретни законски прекршоци, како што е досега,  за кои стручен и овластен суд претходно пресудил и констатирал, туку на слободна волја на нивниот претседател на агенцијата за медиуми кој би одемал дозвола за работа врз основа на лично убедување и вкус за работи како – негова проценка за пристрасно новинарство, лична проценка дали се поттикнува меѓународна соработка и еднаквост, дали медиумот негува хумани и морални вредности... и слично, што е субјективна и лична проценка на секој граѓанин, а не законска норма или стандард.

Вакви лични и субјективни критериуми и пресуди беа носени само во времето на комунизмот, а денес во некои судови на исламските радикали и нивните впечатоци.

Напротив, она што се очекува од новиот закон, а што како принцип беше прифатливо за Ванхојте и Орав на нивните состаноци со МАН, е дека работата со агенцијата за медиуми ќе ја водат непартиски лица и институции. оттаму, претседател на организацијата може да биде само лице кое заеднички би го предложиле двете новинарски асоцијации МАН И ЗНМ, а никако политичка партија, без разлика за која партија станува збор.

Она што новинарите, а оттаму и јавноста за која тие работат го бараат е во работата на Агенцијата за медиуми како и органите на јавниот сервис, да бидат првенствено и доминантно вклучени двете новинарски здруженија кои ќе предлагаат најмалку половина од членовите на советот на мртв и на агенцијата за медиуМИ, а потоа во составот на овие тела да бидат вклучени стручни претставници на јавниот сектор како од македонскиот, албанскиот и турскиот театар, адвокатската комора, претставници на МПЦ и Исламската верска заедница, Универзитети, заедницата на локална самоуправа и на МАНУ. Тоа обезбедува широка јавна контрола врз работата на медиумите.

МАН предлага со закон да се забрани било какво вплеткување на партиите во составот и работата на агенцијата за медиуми и советот на МРТВ, Македонија во 1991 година гласаше против тоталитаризмот и партиската контрола врз општеството, особено врз медиумите, и неодржливо е СДСМ да ја враќа државата во време на комунизмот за свои партиски потреби.

Најпосле, ако нема решение кое партиите и Ванхојте можат да го спакуваат, во Македонија нека се примени било кој закон од развиените европски држави, и со самото тоа сите барања на СДСМ за партизација ќе бидат отфрлени како недемократски.