ДИК: Засега нема приговори за изборите
До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 14:00 часот политичките партии и коалициите не поднеле приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори, информираат од Комисијата.
Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до вечер до 19 часот, додекот рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резулатите истекува в среда, во три часот наутро.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на секој приговор да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа.
Конечните резултати од предвремените парламентарни избори 2016, ДИК ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговори.
Ново на Сител
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите
-
Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме