Македонија
18. October 2021 - 12:03

ДИК: Водство на Данела Арсовска пред Петре Шилегов од 90,36% од преброените гласови

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 90,36% отсто од гласовите.

Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 75.643 гласови, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов  освоил 71.123 и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.