Македонија
12. December 2016 - 10:00

ДИК соопштува: Еве колку гласови освоиле партиите

ДИК рано изутринава на прес-конференција соопшти прелиминарни резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори по обработени 99,34 отсто од гласовите. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата 428.683, ДУИ 85.774, Движење БЕСА 57.749, Алијанса за Албанците 35.103 и ДПА 30.971 глас.

Во Првата ИЕ од 96,55 отсто примени резултати  ВМРО-ДПМНЕ  освоила 68.145 или 33,05 отсто од обработените податоци. ДПА има 4.822 или 2,34 отсто, ДУИ 12.835 или 6,22 отсто, СДСМ 86.727 или 42,06 отсто, Коалиција за промени и правда  2.952 или 1,43 отсто, Алијанса за Албанците 3.759 или 1,82, Либерална партија  1.266 или 0,61 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија  3.567 или 1,73 отсто, Движење Беса 11.511 или 5,58, Левица 4.204 или 2,4 отсто.

Во Втората изборна единица од 99,80 проценти податоци добиени од општинските изборни комисии по електорнски пат ВМРО-ДПМНЕ има 73.537 или 36,18 отсто, ДПА 5.916 или 2,91 отсто, ДУИ 16.761 или 8,25 отсто, СДСМ 69.645 или 34,26 отсто, Коалиција за промени и правда  2.145 или 1,06 отсто, Алијанса за Албанците 6.031 или 2,97 отсто, Либерална партија 732 или 0,36 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија  3.260 или 1,60 отсто, Беса 16.031 или 7,89 отсто, Левица 2.390 или 1,18 отсто.

Од Третата изборна единица добиени се  99,85 отсто од резултатите по електронски пат. Според нив, 102.527 гласа или 50,32 освоила ВМРО- ДПМНЕ, ДПА 586 или 0,29, ДУИ 1.141 или 0,56, СДСМ 80,914 или 39,72 отсто, Коалиција за промени и правда 1.356 или 0,67 отсто, Либерална партија 741 или 0,36 отсто, ВМРО за Македонија 6.686 или 3,28 отсто, Левица 1.760 или 0,86 отсто.

Според сто отсто  добиени резултати од гласањето во Четвртата ИЕ, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 101,598 или 47,96 отсто, ДУИ 479 или 0,23 отсто, СДСМ 94.749 или 44,73, Коалиција за промени и правда 1.894 или 0,89 отсто, Либерална партија 603 или 0,28, Коалиција ВМРО за Македонија 4.718 или 2,23 отсто Левица 1.394 или 0,66  отсто.

Од добиените  99,85 податоци за гласањето  во Петтата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ 72,072 или 38,48, ДПА 3.422 или 1,83, ДУИ  13.959 или 7,45, СДСМ 70.820 или Коалиција за промени и правда 1.238 или 0,66 отсто, Коалиција Алијанса за Албанците 7.343 или 3,92, Либерална партија 420 или 0,22, Коалиција ВМРО за Македонија 4.947 или 2,64 отсто, Беса 5.153 или 2,75 отсто, Левица 2.001 или 1,07 отсто.

Во Шестата изборна  единица од сто отсто обработени податоци ВМРО -ДПМНЕ има освоено 26.135 или 16,54 отсто, ДПА 16.225 или 10,27 отсто, ДУИ 40.599 или 25,70, СДСМ  25.828 или 16,35, Коалиција за промени и правда 239 или 0,15 отсто, ПДП 1.143 или 0,72, Коалиција Алијанса за Албанците 17.970 или 11,38 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 919 или 0,58 отсто, Движење Беса 25.054 или 15,86 отсто.

Чичаковски одговарајќи на новинарско прашање рече дека до ДИК до  до три часот изутринава нема добиено никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.

Соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес.