Македонија
1. October 2018 - 16:40

ДИК со официјални прелиминарни резултати од референдумот - гласале 666.743 граѓани - 91,46 процент „ЗА“, - 5,65 „Против“

Не е усвоена одлука за тоа дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на догворот межу Македонија и Грција. Не е постигнат потребниот цензус за одѕив на гласачите од над 50 отсто на вчерашниот референдум. Државната изборна комисија ги соопшти првичните конечни резултати од неделното гласање.

Од целосно добиени и обработени податоци од сите гласачки места во државата и во дипломатско конзуларните претставништва конечниот одѕив е 36, 91 отсто односно вчера излегле да гласаат 666 илјади 743 граѓани од милион 806 илјади 336 избирачи.

Од нив неважечки се 19.221 ливче или околку три отсти.

Дерковски одговори и на забелешките дека одредени лица кои гласале на минататите избори сега ги нема во Избирачкиот список.

Конечнуте резултати ДИК ќе ги објави во Службен весник и ќе ги достави до Собранието на 15 октомври кога истекува и законскиот рок за конечни резултати. Промена во податоците не се очекуваат бидејки Собранието како единствен предлагач за референдумот не акредитираче овластени претсавници на гласаќките места кои би можеле да поднесат приговори.