Македонија
14. July 2020 - 11:53

ДИК: Сите резултати кои се објавуваат на социјалните мрежи се шпекулација

Вчерашните гласови на лицата кои се во самоизолација се во плик и ќе останат затворени во гласачка кутија се до среда. Од ДИК потенцираат дека сите резултати кои се објавуваат на социјалните мрежи се шпекулација. Ќе се бројат заедно со останатите гласачки ливчиња по завршување на гласањето.

- Ниту се отвораат ливчињата и пликовите на кои гласаат затворениците, болните и лицата во самоизолација, ниту се бројат нивните гласови. ДИК не објавува резултати од гласање ниту денес, ниту утре. ДИК објавува само бројка на излезност, кажа вчера Борис Кондарко.