Македонија
18. October 2021 - 16:44

ДИК се уште ги брои гласовите

Со гласачките кутии во раце членовите на изборни комисии во Аеродром цела вечер ја поминаа надвор чекајќи да ги предадат во ОИК. Го дочекаа и ова утро но и пладнето чекајќи да добијат решение за потврден записник. На помош на ОИК дојде и полицијата бидејќи револтот кај изборните одбори беше огромен. Тие не смееја да го напуштат изборниот материјал бидејќи ќе одговараат кривично а не беа пуштени ниту внатре во салата.

Во оваа изборна единица има 93 гласачки места а во ОИК само 12 членови кои ги внесуваа записниците во системот на ДИК. Грешки во записниците било причина поради која целиот процес одел толку споро. Токму податоците за читачот на отисоци им направил најголем проблем во внесот на бројот на гласачи, ја грешеле графата па ги поправале бројките заедно со членовите на ОИК.

Од ОИК не сакаа да дадат официјална изјава зошто 20 часа трае примопредавањето на гласачките кутии. Од ДИК велат дека без да се поправат тие грешки системот не може да ги препознае податоците а се работи за втора по ред ИЕ по број на гласачи. Ваков проблем имале и избирачки одбори во Кисела Вода и во Струга.