ДИК се прогласи за ненадлежна за барањето на дополнителната министерка за финансии
Државната изборна комисија повторно се прогласи за ненадлежна да одлучува за барањето на дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Членовите на ДИК констатираа дека немаат овластувања да носат оценка на законитоста на актите за вработувања, односно издадените согласно за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски во заклучокот што го прочита на седницата посочи дека ДИК не може да донесе одлука дали издадените согласности за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост се донесени согласно законот и дали произведуваат правно дејство бидејќи тие не се однесуваат на организирање на изборите.
Членот на Државната изборна комисија Јанакие Витановски побара од членовите на техничката Влада да не доставуваат вакви барања до нив бидејќи тие не се надлежни да одлучуваат и бидејќи не е во ред секој ден да добиваат вакви барања и покрај тоа што се знае дека ДИК нема такви надлежности.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација