-->
-->
ДИК се прогласи за ненадлежна - одлуката на Чулев е легална
-->
ДИК се прогласи за ненадлежна за да го реши спорот меѓу министерот Чулев и неговата дополнителна заменичка Петровска во врска со именувањето на новиот шеф на СВР Скопје.
Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.
Со оваа одлука ДИК практично утврди дека именувањето на Ристо Ставревски за нов началник на СВР Скопје потпишана од техничкиот министер Чулев е легална, односно како што изјави Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за одлуката на Чулев не бил потребен врзан потпис.
Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, во согласност со Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменик-раководители на сектори и оддели, во согласност со член 44 од Законот за Влада на Република Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик-министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР – Скопје.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи