Македонија
6. March 2020 - 17:00

ДИК пресече: БЕСА ќе има свои претставници во избирачките одбори

БЕСА останува во одборите на избрачките места и покрај тоа што е во коалицијата со СДСМ, а партијата на Заев веќе има свој член во овие изборни органи. ДИК пресече дека 4-цата членови во избрачките одбори се распределуваат помеѓу 4-те партии – две од власта, две од опозицијата согласно резултатите од претходните парламентарни избори, а не според сегашниот настап на партиите.

Дилемата за тоа дали БЕСА ќе има свои член во одбороите го отвори Алијансата на Зијадин Села. Тие бараа како втора албанска опозициска партија  да добијат свои членови во избирачките одбори, на местото на партијата на Касами.

Позицијата на БЕСА на изборите може да ја искомплицира и распределбата на медиумскиот простор за рекламирање за време на кампањата. Според законските решенија, 45 отсто од просторот за реклама треба да припадне на власта, 45 отсто на опозицијата, а останатите 10 отсто на останатите партии.

Но, во Изборниот законик нема одредби кои се однесуваат на предизборни коалиции особено не кога партија од опозиција како БЕСА влегува во коалиција со владејачка партија како СДСМ. Дерковски вели дека партиите треба сами да ја направат распределбата на рекламниот простор, додека ДИК само ќе го плати рекламирањето.

На овие избори, според досегашниот тек, веројатно ќе нема ниту една независна листа на пратеници.  ДИК информираше дека од шестмина независни носители кои се пријавија до попладнево ниту еден нема собрано повеќе од 300 граѓански потписи од потребните 1.000 иако рокот за собирање на потписите истекува на полноќ.

Течат и роковите за увид во Избрачкиот список. Досега проверка направиле над 5.700 граѓани. Во дијаспората пак, до сега за гласање се пријавиле  2871 исленик, но за тау да се одржат избори ќе биде потребно до 11 март да се пријават за гласање 6540 македонски државјани што живеат надвор од државата.