Македонија
15. May 2016 - 17:01

ДИК потврди: ВМРО-ДПМНЕ единствена на гласачкото ливче

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената на гласачкото ливче, одлучи ДИК на денешната седница. Останатите две партии кои пријавија кандидатски листи нема да истрчаат на изборите на 5 јуни.

Партијата СДПМ на Бранко Јаневски го информирала ДИК дека се откажува од изборите поради силните притисоци од меѓународниот фактор.

Партијата НДМ на Јанко Бачев не ја доставила комплетната документација и нивната листа нема да биде на гласачкото ливче.

За утрешната седница членовите на ДИК се очекува да расправаат за тоа дали е законски да има само еден избор на гласачкото ливче.