Македонија
22. January 2019 - 16:15

ДИК подготвена и за предвремени парламентарни избори кога и да се одржат

Државната изборна комисја подготвена ќе го пречека евентуалното распишување на предвремени парламентарни избори. Првиот човек на ДИК вели организирање на двоен изборен процес ќе влијае врз зголемување на неопходните финансиски средства, но за тоа е надлежно Собранието.

Деркоски уверува дека секојдневно се ажурира и избирачкиот список. Според последните измени на Изборниот законик, ДИК од овие избори ќе има обврска да ги следи и електронските медиуми, е ќе се воведуваат и новини во начинот на комуникација со лицата задолжени за спроведување на изборниот процес.

Законските рокови за организација на изборите за шеф на државата почнуваат да течат од денот на нивното распишување. За спроведување на изборната кампања, Државната изборна комисија ќе потроши близу 300 милиони денари од Буџетот.