ДИК: Отфрлени приговорите од БЕСА и шест од Алијансата за Албанците
Државната изборна комисија денеска ги одби сите приговорите поднесени од БЕСА за вториот изборен круг од локалните избори.
Како што изјави за МИА портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.
Членовите на ДИК, исто така, отфрлија и шест приговори, од вкупно 13 поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Ново на Сител
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан
-
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница
-
Македонија и Албанија се разделија на европскиот пат
-
Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк
-
Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари
-
ЕУ повикува на прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах
-
Во Собранието седници на две комисии
-
Сончево и топло време до утре попладне