Македонија
16. јуни 2020 - 19:37

ДИК: Оние кој ќе се заразат на помалку од 7 дена до изборите нема да имаат право да гласаат

Лицата кои ќе се заразат од коронавирусот или ќе мора да одат во самоизолација на седум дена пред гласањето нема да можат да го исполнат своето граѓанско право. Сите заразени и самоизолирани ќе мора да се пријават доколку сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори, но не подоцна од 6. јули.

Државната изборна комисија го едногласно го усвои ревидираниот роковник за продолжување изборните дејствија.

Сепак ДИК се уште го чека протоколот од Комисијата за заразни болести според кој ќе се знае како точно ќе се одвива гласањето. Тој треба да пристигне во следните два до три дена, а потоа ДИК ќе го преточи во нивен документ

За првпат, гласањето ќе се одвива во три дена, на 13, 14 и 15 јули. Првиот ден ќе гласаат заразените и самоизолираните, на 14 болните, изнемоштените, затворениците, а на 15 сите останати.

За гласање на инфицираните ќе бидат анагажирани по двајца лекари. Според првичните пресметки на Државната изборна комисија, на изборите ќе бидат ангажирани над 500 лекари.

Членовите на ДИК се раскараа за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која не и дозволи на БЕСА посебно да учествува во платеното политичко рекламирање, туку само како дел од коалицијата со СДСМ.

ДИК досега заштедила околу 40 милиони денари. Парите ќе бидат искористени за трошоци кои ќе произлезат од новиот начин на гласање поради коронавирусот.

Надоместоците на сите кои ќе учествуваат во изборниот процес ќе бидат зголемени освен за членовите на ДИК, кои нема да земаат никакви додатоци на основните плати.