Македонија
7. August 2018 - 16:07

ДИК нема надлежност да забрани владините функционери да ги користат функциите во корист на кампањата за референдумот

Владините фунцкионери слободно ќе можат да ја користат својата фунцкија во предреферендумскиот период за промоција на своите ставовови за рефенедумот. Државната изборна комсија се огради од тоа да одлучува дали премиерот, министрите,  директорите на јавните претпријатија како државни функцонери можат да ја користат јавната говорница за јавна пропаганда.  Од таму велат дека не можат никому да збаранат да зборува за референдумот во услови кога во зкаонот нема никакви ограничувања за државните функцинери.

Во законот нема ни забрана за користење на јавните фондови, за сопирање на субвенциите или пак, на огласите за вработување во јавната администрација како што е за време на избори. Тогаш надлежна за решавање на евентуланиот судир на интереси беше Антокурупциската комисија, но ова тело веќе со месеци е празно и се чека на избор на нов состав.

Инаку ДИК денеска одлучи да се укинат бонусите за членовите, тие ќе работат за референдумот само за плата. Наместо предвидените 3.5 милиони евра колку што додели парламентот за гражанскотот изјаснување на 30 септември, ДИК планира да птроши 2.9 милиони евра, односно 600.000 помалку. Новиот состав на ДИК се стави на штедење откако претходниот состав на највисокотот изборно тело си поднесе оставки поради притисокот на јавноста токму за бонусите.

За гласањето на дијаспоората, СДИК одлучи таа да гласа еден ден претходно, на 29 септември. Ислениците ќе можат да направат увид на избирачкиот список во ДКПта до 29 август.