ДИК: Не сме ненадлежни да одлучуваме по барањето мислење на Чулев за назначувањето шеф на СВР-Скопје
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница утврди дека решението за назначување на раководна позиција од страна на министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите.
Членовите на Државната изборна комисија едногласно гласаа за овој заклучок укажувајќи дека не се надлежни да одлучуваат по барањето мислење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одлуката за именувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.
Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи.
Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство. Одлуката на ДИК е конечна.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж