ДИК: На полноќ истекува рокот за регистрирање и поднесување корегирани ценовници од медиумите
Вечерва во 24:00 часот истекува рокот до кога радиодифузерите кои се претходно регистрирани во Државната изборна комисија (ДИК) се должни да достават нови (корегирани) ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Законот за измениување и дополнување на Изборниот Законик објавени во Сл. Весник бр. 215/21 од 16.09.2021 година, додека печатените медиуми доколку имаат корекција на своите доставени ценовници можат да достават нови (корегирани) ценовници во истиот рок, информираат од ДИК.
Архивата на Државната изборна комисија денеска ќе работи до 24:00 часот.
– Вечерва во 24:00 часот истекува и рокот до кога сите радиодифузери и печатени медиуми кои претходно не се регистрирани во Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронски портали) на ДИК (не поднеле барање за упис, немале комплетна документација или го пропуштиле рокот. Овие радиодифузери и печатени медиуми со барањето за регистрација се должни да достават и ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Измените на Изборниот Законик објавени во Сл. Весник бр. 215/21 од 16.09.2021 година, за предвремени парламентарни избори 2014, предверемени парламентарни избори 2016, локални избори 2017, претседателски избори 2019 и предвремени парламентарни избори 2020, информираат од ДИК.
Радиодифузерите и печатените медиуми што нема да се регистрираат или што нема да достават нови (корегирани) ценовници најдоцна до денеска до 24:00 часот, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
– Регистрираните радиодифузери како и радиодифузерите кои поднеле нови барања за регистрација, а кои што нема да достават нови (корегирани) ценовници во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање и нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Македонија, посочуваат од ДИК.
Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 30 дена. Документацијата од ова известување се поднесува електронски на mediumi@sec.mk или во архивата на Државната изборна комисија на булевар „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна денеска до 24:00 часот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка