Македонија
5. February 2020 - 10:11

ДИК ќе разгледува барање на дополнителната заменик министерка за финансии за вработувањата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во 11 часот ќе одржи седница на која ќе разгледува барање на дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска бара од ДИК, согласно член 48 став 1 од Законот за Влада да донесе одлука дали издадените согласности за вработувања во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост се донесени согласно законот и дали произведуваат правно дејство.

Од формирањето на техничката влада за организирање избори, ДИК неколку пати разгледуваше барања од дополнителните министри и заменици за кои се прогласи за ненадлежна.