Македонија
18. March 2019 - 13:16

ДИК ќе го донесе конечниот извештај за јавниот увид во Избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ќе го донесе конечниот извештај за јавниот увид во Избирачкиот список за периодот  од 23 февруари до 14 март 2019 година за спроведување на изборите за шеф на државата и на предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

На денешната седница ДИК ќе ги разгледа и ќе пристапи кон одобрување на поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи на претстојните претседалски избори, поднесени од ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори.

На дневен ред на седницата се Предлог – упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар, Предлог – упатство за работа на општински изборни комисии и изборна комисија на Градот Скопје и Предлог – одлука за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање.

Членовите на Комисијата ќе расправаат и за Предлог – одлука за објавување на описите на избирачките места, како и за неколку предлог – заклучоци за примена акти.

На седницата ќе биде даден и конечниот извештај за Јавниот увид во Избирачкиот список за периодот  од 23 февруари до 14 март 2019 година за спроведување на изборите за шеф на државата и на предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

ДИк ќе донесе и конечен извештај во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, со предлог – заклучок.